Сара Морган ни се враќа со приказна за моќта на книгите да исцелуваат, но и моќта на женското пријателство.
Со својот историски шарм и бајковитата библиотека, хотелот Јаворов Шеќер се смета за совршена зимска дестинација. Како што празниците наближуваат, хотелот се полни со гости кои се надеваат на зимување од соништата. Но младата вдовица Хети, преморена од жонглирање со хотелот и обврските како посветена самохрана мајка, едвај чека празниците да завршат.
Кога клубот на читатели составен од Ерика, Клаудија и Ана – долгогодишни пријателки кои навидум имаат сѐ на светот – доаѓа во хотелот на „читачки одмор“, сѐ се менува. Нивното пријателство и љубовта кон книгите ги движи низ животот, низ сите подеми и падови. Но Хети забележува дека и тие имаат големи емоционални товари и ништо не може да ја подготви за тоа колку длабоко нејзината приказна се испреплетува со нивните. Дали овие четири жени заедно можат да започнат комплетно ново поглавје во своите животи за време на најубавиот период од годината, и тоа за само недела дена?
Comments
Post a Comment