ВО СЕКОЈА ЉУБОВ ИМА МАЛКУ ЛУДИЛО - МАРИ ФОРС

 Грејсон Колман тукушто се преселил во Батлер во Вермонт. По повеќегодишна успешна адвокатска кариера во Бостон, Грејсон е желен за едноставниот живот во заспаното планинско гратче во кое пораснал со своите роднини Аботови. Ема Малвани со ќерка си Симона допатувала од Њујорк во Батлер да ги помине божикните празници со сестра си Луси, свршеницата на Колтон Абот. На семејниот собир Ема и Грејсон со часови разговараат споделувајќи ги еден со друг своите најинтимни тајни. Тој интимен разговор претставува совршен повод Грејсон да ја покани Ема на вечера. Како самохрана мајка, Ема со години не излегувала со мажи. Несигурна и возбудена, не може да не се праша што да очекува од излегувањето со Грејсон: дали тоа ќе биде само една пријатна вечер во друштво на пресретливиот познајник или вовед во нешто многу поголемо и повозбудливо?



Comments