По смртта на родителите, Амелија Хатавеј храбро ги презема уздите на животот, заедно со грижата за нејзините три помали сестри и нејзиниот своеглав брат. Нивниот живот е скромен и пристоен, барем до неочекуваното наследство кое го издигнува нејзиното семејство до ранговите на аристократијата. Но новите околности со себе носат и куп нови проблеми, меѓу кои и повторната средба на Амелија со Кам Рохан – мистериозниот, безобразно богат и опасно згоден маж со ромско потекло.
Кам поседува богатство за какво повеќето мажи можат само да сонуваат и уморен од баналните ограничувања на општеството, копнее да им се наврати на своите „нецивилизирани“ цигански корени. Кога убавата Амелија му бара помош, тој има намера да понуди само пријателство – но намерите не се совпаѓаат со желбата што ги заслепува и двајцата. Иако двајцата се трудат да ја игнорираат меѓусебната привлечност, тоа се чини невозможно. А сакала таа да признае или не, Амелија мора да се помири со фактот дека без неговата помош би била целосно изгубена. Исто како и без неговата страсна прегратка…
Comments
Post a Comment