Ако живеете на Балканот, не е возможно да немате слушнато за емотивната, трогателна и романтична триологија, Казна за гревот. Првата книга е Ноќта кога дојдоја сватовите, која ја освои македонската публика, во буквална смисла на зборот. Дејствието се случува на имотот на гроф Ерцег кон почетокот на 20 век во мало зафрлено гратче во срцето на Бачка. Михајно е син на грофот. Емилија е ќерка на ковач, кој заедно со семеството живее на имотот на грофот. Михајло и Емилија растат заедно и со текот на времето стануваат блиски пријатели. Но, нивната платонска љубов полека преминува во страсна љубов која и двајцата не можат да ја игнорираат. Сепак, ноќта кога ќе дојдат сватовите, ќе се промени се.
Comments
Post a Comment