Вечерта кога го запознав Чејс Паркер, не оставив добар, прв впечаток. Се криев во ходникот пред тоалетите во еден ресторан за да ѝ оставам порака на мојата најдобра другарка со цел да ме спаси од ужасниот прв состанок. Тој го наслушнал мојот муабет и ми рече дека сум кучка, а потоа продолжи да ми дели љубовни совети. Па му реков на тоа високо, арогантно, згодно копиле да си ја брка неговата работа и се вратив на мојот состанок…
Comments
Post a Comment